Расте цената на становите во Скопје

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Цените на становите во Скопје во четвртиот квартал од 2023 година се зголемиле за 7% во однос на истиот период од претходната година, а за 1% споредено со третиот квартал, покажува индексот на цени на станови на Народната банка.

Најновите податоци за цените на становите се продолжение на намалувањето на растот што се бележи од почетокот на минатата година.

Во првиот квартал лани цените на становите имаа раст од 18,8% на годишно ниво, односно од 1,3% на квартално ниво. Во второто тримесечjе од минатата година растот на годишно ниво изнесуваше 12,9%, а на квартално 1,6%. Намалувањето на цените продолжи и во третиот квартал кога растот на годишно ниво беше 11%, а во однос на претходниот квартал 2,9 %.

Претходната 2022 година, пак имаше нагорен тренд, во првиот квартал становите поскапеа за 12,4%  на годишно ниво, по што следеше раст од 16,6% во вториот квартал, од 21,2% во третиот и од 20,6% во четвртиот квартал.

Народната банка го подготвува индексот на цените на становите за територија на Скопје, врз основа на податоци коишто се однесуваат на огласите за продажба објавени од агенциите кои се занимаваат со прометот со недвижности.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика за издадени одобренија за градење за октомври 2023, во Скопскиот регион е предвидена изградба на 323 нови станови, од кои 194 во Општина Гази Баба, 53 во Центар, 51 во Петровец… Во 2023 година во јануари била предвидена изградба на 183 станови, во февруари 892, во март 97, во април 89, во мај 76, во јуни 217, во јули 73, во август 527, а во септември 216 станови.

Share This Article