More

    Расте притисокот да се сопре продажбата на оружје за Израел

    spot_img

    Израелскиот премиер му пркоси на Западот и вели дека е договорен датумот за планираната офанзива во градот Рафа на југот од Газа каде се кријат 1,5 милиони Палестинци во време кога Египет, Франција и Јордан во заедничка изјава го предупредија дека ваквиот потег ќе има „опасни последици“ и „заканува регионална ескалација“, пишува Гардијан.

    Против офанзивата во Рафа се изјаснија и САД и други западни земји.

    „Тоа ќе се случи“

    Изјавата на Нетанјаху дека датумот бил договорен внатрешно во врвот на Израел доаѓа откако Хамас и Израел не постигнаа напредок во преговорите за прекин на огнот.

    – Денеска добив детален извештај за разговорите во Каиро, ние постојано работиме на остварување на нашите цели, пред сè ослободување на сите наши заложници и постигнување целосна победа над Хамас. Оваа победа бара влез во Рафа и елиминација на терористичките баталјони таму. Тоа ќе се случи, има датум – изјави Нентјаху, пренесува Би-Би-Си.

    40.000 шатори за раселување

    Асошиејтед прес напиша дека купува 40.000 шатори за да се подготви за евакуација на стотици илјади лица од Рафа.

    Преговорите се во тек. Хамас рече дека предлогот на Израел што го добил од катарските и египетските посредници не исполнува ниту едно од барањата на палестинските фракции.

    Шефот на ЦИА Бил Барнс во Каиро викендов дојде со нов предлог – ослободување на повеќе Палестинци од израелските затвори во замена за 40 заложници кои ги држи Хамас во Газа.

    САД и Германија се „за“

    Неизвесниот успех на преговорите и пркосењето на Нетанјаху врши притисок врз одредени западни земји да прекинат со продажбата на оружје за Израел. Но, на гласањето во Советот за човекови права на Обединетите Нации за забраната не сите западни земји гласаа „за“.

    Иако Советот ја одобри забраната за оружје, при што „за“ гласаа 28 земји, шест против, а 13 беа воздржани.

    САД и Германија, кои се првите два најголеми снабдувачи на Израел, гласаа против. Германија рече дека го сторила тоа бидејќи резолуцијата конкретно не го осудува Хамас.

    САД му доставуваат на Израел годишна воена помош од 3,8 милијарди долари според 10-годишен договор, чија цел е да се одржи, како што велат, „квалитативна воена предност“ во однос на соседите. Трета земја по САД и Германија која најмногу го снабдува Израел е Италија.

    „Ја искривија целта на испораките“

    Во меѓувреме, Германија беше изведена пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг поради тужба од Никарагва во врска со испораките на оружје. Адвокатите на Никарагва тврдеа дека Германија ја прекршува Конвенцијата на ОН за геноцид од 1948 година, формирана по холокаустот, со тоа што го снабдува Израел со оружје.

    На сослушувањето германската претставничка пред МСП во Хаг, Тања фон Услар-Глајхен рече дека Израел е сржта на германската надворешна политика, а дека Никарагва ја искривила перцепција за германската поддршка на Израел вклучитално и за целите на испораките.

    Во јануари МСП воведе привремени мерки со кои му наредува на Израел да стори сé што може за да спречи смрт, уништување и акти на геноцид во Газа. Наредбите дојдоа во случајот поднесен од Јужна Африка во кој се обвинува Израел за кршење на Конвенцијата за геноцид.

    Израел силно ги негира овие тврдења и пресуди.

    Санкции за Израел?

    Европа размислува за нова тактита за разубедување на Израел од планираната офанзива во Рафа.

    Францускиот министер за надворешни работи Стефан Сежурне предложи меѓународната заедница да изврши притисок врз Израел со потенцијално воведување санкции за да го принуди да дозволи поголема помош во Газа.

    – Мора да има лостови на влијание и има повеќе лостови, кои ќе доведат до санкции за да се дозволи хуманитарната помош да премине преку контролните пунктови – рече тој за француските медиуми РФИ радио и Франс 24.

    Турција се закани дека ќе го замрзне извозот на производи од 54 категории во Израел се додека не сопре огнот во Газа. Израел се закани дека ќе преземе противмерки и ја обвини Анкара за кршење на трговските договори меѓу двете земји.

    „Тоа не е причина да заминеме од Израел“

    За Велика Британија неодамнешните трагедии во Газа не се причина да се „замине од Израел“, рече поранешната британска министерка за внатрешни работи, Суела Браверман. Запрашана дали Обединетото Кралство сè уште треба да му продава оружје на Израел, Браверман изјави:

    – Не мислам дека фактот што се случија овие трагедии е причина да се тргнеме од Израел и да престанеме да му продаваме оружје на Израел, поради таа поширока битка. со кои се занимаваат.

    Бројката на убиени Палестинци се зголеми на 33.360 од почетокот на војната

    Најмалку 33.360 палестински луѓе се убиени, а 75.993 се повредени во израелските напади врз Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на Газа во вторникот.

    Извори од ОН рекоа дека Израел сака да ја разбие агенцијата УНРВА во Обединетите Нации, која обезбедува хуманитарна помош и основни услуги во Газа и окупираниот Западен Брег, Сирија, Либан и Јордан и е критичен дел од социјалната инфраструктура во Газа.

    ПА да биде признаена во ОН – САД се против?

    Во меѓувреме, се размислува за барањето на Палестинската управа во Израел официјално да биде признаена за членка во Обединетите Нации.

    – Ова е историски момент – изјави палестинскиот постојан претставник во Обединетите нации Ријад Мансур.

    Набљудувачите сметааст дека САД повторно ќе наметнат вето на иницијативата, како што тоа го направи во 2011 година. Ставот на САД е дека идната палестинска држава треба да се формира во договор со Израел.

    Министерката за надворешни работи на Aвстралија, Пени Вонг , изјави дека признавањето на палестинската држава е „единствената надеж да се прекине бескрајниот циклус на насилство“ на Блискиот Исток и решението за две држави ќе помогне да се обезбеди долгорочна безбедност за Израел и да се поткопа Хамас.

    Израел ја нападна Сирија

    Борбите во Израел продолжуваат, а гори и во околните земји. Израелски воени авиони нападнаа сириска воена позиција во текот на ноќта како одговор на ракетниот оган врз Голанската висорамнина, анектирана од Израел, соопшти војската во вторникот.

    Арапските земји повикаа на сопирање на огнот

    Пакистан и Саудиска Арабија го повикаа Израел да ја запре војната во Газа и да бара мирно решение на конфликтот во согласност со резолуциите на ОН.

    Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи на средба со ирански студенти изјави дека не е можно да се испратат доброволци од Иран во Газа.

    – Бидете сигурни, ако беше можно да се испратат млади луѓе во Палестина, тоа ќе беше направено уште пред да го изговорите тоа – одговори Хамнеи на прашање од еден од неговите студенти.

    Амбасадата на Катар во Вашингтон ја отфрли изјавата на претседателот на Комитетот за надзор на Претставничкиот дом на САД, Џејмс Комер , дека „неточно тврди дека“ Доха му плаќала на Хамас „30 милиони долари месечно од 2018 година“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img