More

    Расте гневот во Кремљ

    spot_img

    Филип О’Брајан, аналитичар и професор по стратешки студии на Универзитетот Св. Ендрјус во Шкотска, верува дека Путин во следните неколку дена би можел да предложи прекин на огнот во Украина, бидејќи неговите сили трпат големи загуби.

    -Тие едноставно немаат шанса брзо да напредуваат. Дури и доколку Русите успеаја да ги пробијат одбранбените линии, не можеа да го искористат тоа за да добијат предност – рече О’Брајан.

    – Руските трупи не можат долго да учествуваат во војната – додаде тој.

    О’Брајан смета дека како се намалува руската борбена активност на бојното поле, така расте гневот во Кремљ.

    -Штом Путин ќе објави победа на Русија во Донбас, Москва ќе организира лажни референдуми за жителите на окупираните територии да ја изразат својата желба да се приклучат кон Руската Федерација – вели тој.

    Но, како што додаде, во сегашните околности Киев тешко дека ќе се согласи на прекин на огнот.

    -Се додека Киев чувствува дека ја добива потребната поддршка, се додека Украинците можат да продолжат да ги зајакнуваат своите вооружени сили, мала е веројатноста да прифатат прекин на огнот И со право, заклучува, бидејќи на тој начин Украина би загубила 20 отсто од територијата – рече О’Брајан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img