More

    Расте бројот на жртвите во жестоката војна на Блискиот Исток: „Хамас ги отвори портите на пеколот!

    spot_img

    Палестинските милитанти извршија голем ракетен напад врз Израел рано наутро во саботата. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека земјата е во војна, а нападите оставија стотици мртви и илјадници повредени од двете страни. Најлошиот напад врз Израел во последните децении предизвика војна за која двете страни ветија дека ќе ескалираат.

    Бројот на загинати во нападите на Хамас врз Израел надмина 600
    Бројот на загинати во нападите на Хамас врз Израел надмина 600 луѓе, објави во неделата Тајмс оф Израел, додавајќи дека повеќе од две илјади се ранети, а десетици се киднапирани.

    Убиени се повеќе од 400 членови на Хамас, додава Тајмс оф Израел.

    Израел прогласи воена состојба
    Израел прогласи воена состојба. Одлуката е донесена во согласност со член 40 од Основниот закон на Израел, соопшти прес-службата.

    Премиерот Бенјамин Нетанјаху вети дека земјата „силно ќе возврати“. Висок претставник на израелските одбранбени сили задолжен за операциите на палестинските територии изјави дека Хамас „ги отворил портите на пеколот“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img