Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска информираше дека во делот на семејното насилство, минатата година најмногу било застапено психолошкото насилство. Како што рече, од јануари до септември лани пријавени се 1166 случаи на семејно насилство, а од нив, 708 се поврзани со психолошкото насилство.
– Од јануари до септември 2023 година имавме вкупно 1166 случаи на семејно насилство. Сега ги прибираме за цела година, од септември до декември. Наскоро ќе ги објавиме податоците за цела 2023 година. Да, најголем дел, 708 случаи, се пријави на психолошко насилство за разлика од претходно, каде што најчест вид на насилство беше физичкото насилство – изјави Тренчевска по денешниот брифинг со новинарите.
– Во делот на психолошкото насилство имаме постојано пребацување или префрлување на партнерката, на деца или на родители, и се тоа остава длабока трага на психата на една личност и многу е тешко за препознавање. Жртви на насилство се деца и повозрасни граѓани, но најголем процент и понатаму се токму жените – рече Тренчевска.
Фото: Freepik