Во пожарот што избувна во седумкатница во Дака загинаа 46 лица, соопшти денеска Министерството за здравство на Бангладеш.
Министерката за здравство Саманта Лал Сен изјави за новинарите дека 12 лица се во болници, а 10 се во критична состојба.
Пожарот избувнал во четвртокот вечерта во зградата во која се наоѓаат неколку ресторани, јавува Anadolu Agency.