Бројот на жртвите од разорниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што синоќа ги погоди Турција и Сирија се искачи на најмалку 1.200, а многу илјади се повредени.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телевизиско обраќање изјави дека во таа земја загинале најмалку 912 лица.
Претходно беше објавено дека во Сирија загинале најмалку 386 лица.
Ердоган рече дека спасувачките тимови во Турција извлекле повеќе од 2.400 луѓе од урнатините и дека околу 9.000 луѓе моментално се вклучени во спасувачките операции.
Не е познато колку луѓе се уште се под урнатините.