More

    Расте бројот на загинати од поплавите во Европа

    spot_img

    Едно лице се удави во југозападна Полска, а илјадници беа евакуирани преку границата во Чешка поради силниот дожд кој продолжи да врне низ централна Европа, предизвикувајќи поплави во неколку области.

    Еден пожарникар исто така загина во поплавите во Долна Австрија, објави во неделата австрискиот вицеканцелар Вернер Коглер на социјалната платформа Икс, додека властите ја прогласија покраината околу главниот град Виена, на границата со Чешка и со Словачка, за област на катастрофа.

    По неколкудневните дождови, предизвикани од бурата Борис, реките од Полска до Романија се преполнети, а во саботата беа пронајдени четворица мртви.

    Четвртина милион домаќинства во Чешка останаа без струја поради дожд и силни ветрови. Чешката полиција соопшти дека трага по 3 лица кои биле во автомобил што во саботата паднал во реката Стариќ кај Липово Лазна, 235 километри источно од Прага.

    Едно лице загина во полската област Клоџко, за која премиерот Доналд Туск рече дека е најтешко погодената област, со евакуирани 1.600 луѓе.

    – Ситуацијата е многу драматична – изјави Туск во неделата по состанокот во градот Клоџко кој беше делумно потопен откако водостојот на локалната река се искачи на 665 сантиметри, многу над алармантното ниво од 240.

    Нивото на водата го надмина рекордното ниво забележано за време на силните поплави во 1997 година кои делумно го оштетија градот и предизвикаа смрт на 56 луѓе во Полска.

    Блискиот историски град Глухолази нареди евакуација во неделата наутро, бидејќи локалната река почна да се излева од коритото, а пожарникарите и војниците работат од саботата за да го заштитат градскиот мост.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img