Расте бројот на заболени со ковид на повеќе туристички дестинации

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Речиси 300 новозаразени со коронавирус се регистрирани вчера во Македонија, а зголемување на бројот на заразени е забележано и во земјите кои се популарни летни туристички дестинации. Во Грција вчера беа пријавени дури 25.566 нови случаи, додека просечниот број на новозаразени во Италија е над 85.000. Иако за повеќето земји нема ограничувања кога станува збор за влез и престој во неа, големиот број новозаразени лица бара претпазливост.

Другите случувања во нашата земја, како што е протестот, францускиот предлог, поскапувањата на горивата и храната во втор план ја стави веста за коронавирусот. Се зголемува бројот на новозаразени низ Европа, вклучително и во земјите каде што најчесто патуваат македонските граѓани.

Иако, со исклучок на Шпанија, не се потребни посебни епидемиолошки услови за влез во нив, препораките се навреме да се вакцинираат, да се носат маски каде што има метеж, односно да се одржува физичка дистанца.

Постои можност авиокомпаниите да имаат дополнителни мерки во однос на заштита од коронавирусот, така што и тоа треба да се провери пред поаѓање.

Експлозија на коронавирусот во Грција, 85.000 нови инфекции во Италија

Како и другите европски земји, и Црна Гора не е имуна на зголемувањето на бројот на новозаразени или во просек дневно се заразуваат 234 лица, а пак во Србија вчерашната бројка изнесуваше нешто повеќе од 1.360 лица.

Кога станува збор за Хрватска, има значително поголем број на новозаразени лица или во просек 878 лица дневно се заразуваат со коронавирус. Во Бугарија дневно се заразуваат 589 лица, а во Албанија 516 лица.

Во Грција имаше експлозија на нови случаи на коронавирус, вчера се регистрирани 25.566 случаи (просечниот број на новозаразени е 15.700). Покрај Атина, најмногу нови случаи се регистрирани во регионот на Солун, но и на островите Крф, Крит, Евија и Закинтос.

Во Турција, бројот на нови инфекции е двојно зголемен на неделно ниво. Во последните седум дена се регистрирани повеќе од 57.000 заразени.

- Advertisement -
Ad image

Новата варијанта на омикрон доведе до зголемување на бројот на заразени лица во Италија, каде има повеќе од милион активни случаи, а дневно се регистрираат во просек над 85.049 нови инфекции. Во Италија се препорачува заштитна маска, но не е задолжителна.

Шпанија просечно бележи 16.917 нови случаи секој ден, а за да можат граѓаните на Македонија да влезат во земјата, треба да исполнат еден од следниве услови:

Да има негативен ПЦР тест не постар од 72 часа пред патувањето, или негативен антиген тест не постар од 24 часа; дека имаат потврда за целосна вакцинација или потврда за минато боледување не постаро од 180 дена.

- Advertisement -
Ad image

Како да се однесувате на плажа

Покрај тоа што треба да размислувате како да се заштитите од сонцето на соодветен начин, треба да размислите и како да не се заразите со вирусот кој во последните две години уби повеќе од 6,3 милиони луѓе во светот.

Основниот совет е да избегнувате метеж, па ако можете, одберете плажи каде што има помалку луѓе, односно посетете ги плажите во период од денот кога има помалку посетители. За среќа, токму ова е моментот кога лекарите препорачуваат да останете надвор – до 10 часот и по 17 часот.

Секогаш носете со себе средство за дезинфекција, за во случај да нема чешма или да не работат туш кабините (а во Италија тоа е можно затоа што се штеди вода поради големата суша), можете да ги измиете рацете или да ја исчистите изнајмената лежалка или маса.

Носете ја маската со вас. Иако не е задолжително, треба да се носи кога има голема метеж, во супермаркетите и во јавниот превоз доколку го користите.

Не заборавајте да платите за вашето здравствено осигурување и да проверите што покрива. Пред да тргнете, внимателно спакувајте ја домашната аптека, каде покрај заштита од сонце и убоди од инсекти, стандардни аналгетици, пробиотици и лекови против гадење, ќе најдете и витамини и антипиретици.

Најдобра заштита останува имунизацијата, па ако не сте вакцинирани, не заборавајте дека тоа можете да го направите во вашиот здравствен дом. Ако почувствувате симптоми на респираторна инфекција, останете дома или консултирајте се со лекар.

Share This Article