Расте бројот на заболени со корона, Комисијата со препораки до граѓаните

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Комисијата за заразни заболувања на последниот состанок констатираше дека има зголемување на бројот позитивни случаи на ковид-19, во однос од минатата недела, па по тој повод, ги потсетува граѓаните да ги почитуваат општите мерки за превенција од респираторни инфекции, соопштија попладнево од Министерството за здравство.

„Да се избегнува групирање и подолг престој во затворени простории, редовно проветрување на просториите, почесто миење раце и избегнување близок контакт со заболени лица“, се наведува во соопштението.

Од Министерството нагласија дека вакцинацијата е најефикасен начин за заштита од тежок облик на болеста.

„На состанокот, Комисијата ја реафирмираше препораката дека тестирање за ковид-19 не е услов за прием во здравствена установа. За ковид-19 треба да се тестира исклучиво според индикација, одсносно, доколку пациентот има симптоми карактеристични за ковид-19“, се додава во соопштението.

Од Комисијата истакнале дека пациентите треба да се лекуваат од основната болест и во соодветната здравствена установа, дури и ако се позитивни на ковид-19, „со тоа што, здравствената установа треба да обезбеди услови за минимизирање на опасноста од ширење на болеста на другите пациенти и на персоналот, со изолирање на позитивните пациенти“.

„Комисијата за заразни болести внимателно ја следи состојбата и во зависност од промените, ќе донесе соодветни препораки“, пишува во соопштението на Министерството.

Share This Article