More

    Расте бројот на заболени од сифилис во земјава

    spot_img

    Расте бројот на заболени од сифилис во земјава, потврди за Плусинфо д-р Андреј Петров од Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Годинава, после неколку децении, за првпат се регистрирани десетици случаи на сифилис во земјава.

    – Ние мислевме дека тоа е сексуално пренослива болест која има историско значење, дека во минатото морнарите први ја пренеле, и како таква ја предаваме на факултет. Се мислеше дека е исчезната болест сѐ досега кога бројот на заболени расте и во земјава и во регионот. Ние до лани се чудевме кога колегите од Србија и од Бугарија ни споделуваа вакви информации за состојбата со заболените во нивните земји. Она што се случува во последно време, не само кај нас, туку и во регионот, покажува дека сифилисот е прилично фреквентна болест – вели д-р Петров од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

    Сифилисот се пренесува по сексуален пат, а се лекува едноставно, со пеницилин.

    – Почнува со појава на рана на гениталните органи, која и да не се третира, ќе зарасне за 3 недели ама болеста прогредира во секундарен и во терцијален стадиум и последиците може да бидат многу лоши. Ако не се открие на време, сифилисот во подоцнежните фази доведува до страшни последици во мозокот и во кардио-васкуларниот систем. Создава симптоми слични на тумор на мозокот и може да доведе до искрвавување преку пукање на аорта – објаснува д-р Петров.

    Повеќето регистрирани пациенти во болницата се мажи и тие веќе се излекувани. Сите биле откриени во примарен стадиум и покажале нагативен тест по лекувањето.

    Овие пациенти се изјасниле како хетеросексуалци што укажува дека и жени ја имаат болеста. Кај нив болеста може да оди во латентен стадиум и да биде без видлива симптоматологија, но тоа не значи дека и ти не треба да се тестираат и да се лекуваат, нагласува д-р Петров.

    Тој смета дека треба да се вклучи алармот за присуството на оваа болест во земјава и да се преземат соодветни превентивни мерки. Затоа што, како што додава, ако порано имало тук-таму некој случај донесен од странство, сега болеста се шири внатре, во земјава.

    – Ова е болест на која веќе треба да мислиме. Тоа е нешто за што треба да се алармира, за да се прави скрининг, да се прават тестови за сифилис, кој се лечи многу едноставно ако се детектира на време. Треба да се направи скрининг за болеста да се сузбие и да се третира – вели д-р Петров и најавува дека како претседател на Здружението на дерматолози на Македонија наскоро планира состанок со сите колеги од земјава на тема „сифилис“.

    Тој додава дека граѓаните може да се заштитат од сифилис ако имаат заштитени сексуални односи со презерватив, но предупредува и нагласува дека болеста може да се јави и орално.

    – Мислам дека причина за преносот се незаштитени сексуални односи, дека поради пронаоѓањето лекови за ХИВ и за други сексуални болести, луѓето генерално се ослободија и сѐ почесто имаат незаштитени односи со непроверени партнери. Сифилисот е болест која се пренесува во услови на војни и на растечка сиромаштија – додава д-р Петров.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img