Во изминатите седум дена, 964 лица од 5.647 тестирани примероци се заразени со корона вирусот во Србија, соопшти денеска Министерството за здравство.
Од почетокот на епидемијата во март 2020 година, заболеле 2.547.846 луѓе, а направени се 13.068.145 тестови за корона.
Пред седум дена бројот на заболени беше 686 од 4.705 тестирани примероци.
Од Министерството најавуваат дека новиот пресек ќе биде објавен на 14 септември.