More

    Расте бројот на собрани потписи од граѓаните

    spot_img

    Според најновите објавени податоци на Државната изборна комисија (ДИК) заклучно со вчерашниот ден вкупно 14.360 граѓани дале потпис за подносителите на кандидатура за претседател на државата. Според објавените податоци на ДИК, досега никој од кандидатите за шеф на државата ги нема собрано потребните 10.000 потписи од граѓаните.

    Според пресекот на ДИК, најмногу потписи има Бујар Османи, кандидат на Демократската унија за интеграција (ДУИ) за кого се потпишале 5.405. Втор на листата е лидерот на ЗНАМ-За наша Македонија, Максим Димитриевски со 3.613 собрани потписи. Кандидатката поддржана од партијата Левица, Билјана Ванковска-Цветковска има собрано 2.758 потписи, а кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски има 1.974 потписи.

    Сите останати на листата од 11 кандидати за шеф на државата имаат по помалку од 1.000 потписи – Вело Марковски има 249 потписи, а кандидатот на опозицискиот блок „Вреди“, Арбен Тарвари 246 потписи. Според податоците од ДИК, во овие два дена, ниту еден потпис нема за кандидатот Томе Николоски.

    Државната изборна комисија, соопшти дека од денеска, сѐ додека трае собирањето потписи, еднаш дневно ќе прави пресек на пристигнатиот број на потписи за секој подносител поединечно и истиот редовно ќе се ажурира.

    Постапката за собирање потписи, која почна на 23 февруари ќе трае непрекинато секој ден од 8 до 20 часот, а последниот ден на 8 март ќе работат до 24 часот. Собирањето потписи се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари.

    Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, додека кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците.

    Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март, на полноќ. Рокот за собирање потписи се однесува и за претседателските и за парламентарните избори. Претседателските избори се закажани за 24 април, а вториот круг е на 8 мај кога треба да се одржат и парламентарните избори.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img