More

    Расте бројот на починати од корона во Грција

    spot_img

    Во периодот од 8 до 14 декември во Грција е регистрирано намалување на бројот на заразени со ковид-19, на хоспитализирани лица и на приклучени на апарати, но зголемен е бројот на починати, вкупно 103, согласно податоците од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

    Според неделниот извештај на ЕОДИ, починатите 103 лица се на возраст од 52 до 99 години и има зголемување во споредба со една седмица претходно, кога бројот на починати беше 90.

    Хоспитализирани биле 1.162 лица, за 27 отсто помалку од просекот во изминатите четири седмици, а намалување има и кај пациентите приклучени на апарати.

    Позитивноста кај сите тестирани примероци, според ЕОДИ, бележи значително намалување во однос на претходната седмица.

    Во однос на подваријантите присутни во Грција, доминантна е JN.1 со 44 проценти, а потоа е EG.5 (Ерис) со 31 отсто.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img