More

    Распродадено: Неколку минути со Надал – 150 илјади долари!

    spot_img

    Нетфликс, организаторот на егзибицискиот натпревар меѓу Рафаел Надал и Карлос Алкараз во Лас Вегас на 3 март објави неколку интересни детали.

    Пред натпреварот, навивачите можат да имаат приватен час со Надал или Алкараз неколку минути.

    За тоа задоволство требаше да се платат 150 илјади долари и тој пакет беше првиот што се распродаде. Остануваат уште неколку места во понудата за групна обука, чија цена е исто така вистинска ситница – 50 илјади зелени банкноти.

    Организаторите веќе објавија дека се распродадени сите 12 илјади билети за спектаклот во одморалиштето Мандал Беј во Лас Вегас.

    Надал веќе пристигна во САД, а тренираше и на централниот терен во Индијан Велс, што би требало да му биде прв официјален турнир по Бризбејн на кој играше на почетокот на годината. Шпанецот поради повреда го пропушти Австралија опен и подоцна најавениот турнир во Доха.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img