Поради одлуката на Врховниот суд, Северина Вучковиќ по вторпат го загуби старателството над синот Александар. Пејачката со денови не се чувствува добро, но и покрај големата тага со која се соочува мора да настапува. Нејзиниот настап на Јахорина допре до сите срца, особено кога на ред дојде песната „Rođeno moje“, која извесно време ја немаше испеана, бидејќи ја потсети на периодот кога го загуби синот.
Откако на Јахорина ја изведе песната „Rođeno moje“, при што се расплака, Северина испрати јасна порака од сцената.
Таа го покажа средниот прст и пцуејќи се оддалечи од микрофонот, што може да се види на крајот од видеото.
За потсетување, пејачката настапи во хотел во Јахорина, а тоа беше нејзино прво појавување во јавноста откако Врховниот суд повторно му го додели старателството над Александар на таткото, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ.
„Не станав од кревет четири дена. Потоа станав, морав да се облечам, да направам фризура, да се нашминкам и да ви се поклонам. Најпрво, да се поклонам на сите мали и немоќни жени кој ми дадоа сила… Колку убаво ми рече претседателот на Врховниот суд, на големата и моќна мене… Не смеам да бидам нечесна, морам да им се заблагодарам и на сите мажи. Особено на моите колеги од естрадата, но и на секој мал и немоќен маж“, рече таа.
ФОТО: Инстаграм