На страницата на Министерството за внатрешни работи објавена е потерница за Исмет Гури екс заменик директор на УЈП и функционер на ДУИ.
Гури, на петти јануари од страна на полициски службеници не бил пронајден во својот дом каде бил сместен во куќен притвор.
Тој е еден од осомничените во истрагата која се води против 15 лица кои се сомничат за даночно затајување, злосторничко здружување и перење пари, за кои обвинителството објави минатата година.
Осомничените го довеле во заблуда даночниот орган – УЈП и неосновано побарале и добиле враќање на ДДВ од околу 840.000 евра.