More

    Распишан оглас за работа на коридорите 8 и 10Д

    spot_img

    Јавното претпријатие за државни патишта распиша оглас за вработување на инженерски и проектантски кадар кој ќе работи во тимот на подготовка на проектот за изградба на патниот Коридор 8 и 10Д кој треба да го гради конзорциумот „Бехтел и Енка“ во партнерство со државата.

    На огласот се бараат главно високообразовни кадри од градежништвото, потоа административни работници и возачи за пополнување на 14 работни позиции. Според огласот, овие работници ќе работат во една смена, 40 часови во неделата, а ќе добиваат основна плата во распон од 29.866 до 70.052 денари зависно од работната позиција.

    Основна плата од 70.052 денари е предвидена за помошник на главниот координатор на проектот кој треба да биде градежен инженер со искуство од најмалку 6 години.

    За местото координатор на единицата за подготовка на проектот, кандидатот треба да има диплома од факултетите за општествени науки. За ова место е предвидена нето-плата од 60.005 денари.

    Координаторот пак на единицата за техничка изведба на проектот кој треба да биде градежен инженер ќе работи за плата од 65.029 денари.

    Плати од 29.866 денари ќе заработуваат и двајца возачи кои треба да имаат најмалку средно образование, а за иста плата се бараат и двајца администратори.

    За специјалисти што треба да прават експропријација на имот услов е да имаат завршено високо образование од општествените науки. За нив е предвидена основна плата од 45.045 денари.

    Иста плата е предвидена и за по еден преведувач и известувач од проектот.

    Градежните инженери со искуство од три години може да се пријават за 5 работни позиции. Специјалист за инвестиции и градба на патишта за плата од 55.037 денари. Оваа плата е наменета и за позициите урбанист, геодет, електроинженер и сообраќаен инженер.

    Огласот трае до 25 април.

    Во Собранието деновиве се води расправа за измени на Законот за работни односи предложен од група пратеници со кој се предвидува работниците на преокти од значење за државата да можат да работа и по 60 часови во текот на неделата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img