Распаднато тело испливало на пристаниште на десетина километри од куќата на мајката на Брајан Волш, сопругот на исчезната Србинка Ана Волш кој е осомничен за нејзиното убиство, јавуваа српските медиуми. На телото бил пронајден и шал. Во моментов нема инфорамација дали се работи за машко или за женско.
Жената која го нашла телото живее во куќа на плажата Марблхед, а го здогледала вчера шетајќи го своето куче околу 16 часот.
„Телото е речиси распаднато, очигледно е дека било во вода долго време “, објавија локалните медиуми, цитирајќи полициски службеници.
Да потсетиме, Ана Волш исчезна на 1 јануари. Нејзиниот сопруг Брајан Волш е обвинет дека ја убил во подрумот на нивниот дом. После тоа, според обвинението, го распарчил нејзиното тело и го фрлил во најмалку две депонии лоцирани во близина на куќата на неговата мајка.
Брајан бил снимен од сигурносни камери во близина на местот каде живее мајка му. Тој го возел нејзиниот црвен автомобил, веројатно за да ги прикре трагите.