Расистички скандал во француското собрание

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Вистинска „бура“ се случи во францускиот парламент поради десничарски пратеник кој на колега во парламентот му довикна „врати се во Африка“.

Станува збор за пратеникот Грегори де Фурнас, член на екстремно десничарската партија Национален собир, кој извика „врати се во Африка“ кога пратеникот со црна кожа Карлос Мартенс Билонго зборуваше за имиграцијата.

Де Фурнас подоцна се обиде да се оправда, тврдејќи дека неговите зборови не се упатени до Билонго, туку до сите имигранти кои се обидуваат да стигнат до Европа по море.

Од друга страна, Билонго рече дека е роден во Франција и дека коментарот на неговиот колега парламентарец го смета за крајно срамен.

Реагираше и француската премиерка Елизабет Борн, која рече дека во нејзината земја не смее да има место за расизам.

Исто така, закажан е состанок на парламентарната комисија, која треба да одлучи како ќе се санкционира Де Фурнас, јави Би-Би-Си.

 

 

Share This Article