Расчистена кражба во Струга, одземеното вратено на сопственикот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На 18.04.2023 во 17.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Струга привеле малолетничка од струшко село. Таа била затекната при извршување кражба во продажен објект во Струга, при што одзела повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а со малолетничката бил извршен службен разговор во полициска станица во присуство на родител. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share This Article