More

    Раперот прошета со младата Бјанка

    spot_img

    Раперот Канје Вест во саботата вечерта уживал во романтична вечера со новата сопруга Бјанка Ценсори во холивудскиот ресторан „Цечони“.

    „Дејли мејл“ објави дека бујната русокоса ги покажала своите гради во многу тесен беж спортски градник и тесен сив спандекс.

     

    За потсетување, Бјанка е вработена во брендот „Yeezy“ на Вест откако ѝ се приклучи на компанијата во ноември 2020 година. Таа е наведена како шеф на архитектура, позиција која ја обезбеди откако наводно магистрирала дизајн на Универзитетот во Мелбурн во Австралија.

    Според нејзините пријатели, Бјанка е елегантна и паметна девојка која сè уште била студентка кога Кејн ѝ ја понудил работата. Канје и неговиот бренд допреле до неа на Инстаграм, по што таа преминала кај него. Некои се сомневаат дали Бјанка сепак е архитекта.

    Архитекта или не, се чини дека Бјанка го презема водството на најновиот проект на Канје. Ценсори неодамна го обиколи магацинот во Лос Анџелес за кој се шпекулира дека е местото на првата малопродажна продавница на Вест „Yeezy“, иако тоа допрва треба да биде потврдено.

    Во меѓувреме, поранешната сопруга на Канје, Ким Кардашијан не е во врска и е подготвена да си најде ново момче.

    – Ким повторно е отворена за љубов – открил инсајдерот за „Ентертејмент тунајт“ и додал дека „добро се чувствува и има многу самодоверба“.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img