Раперот ѝ испраќал сексуални пораки и ја вознемирувал

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поранешната лична асистентка на раперот и дизајнер Канје Вест тврди дека добила отказ, откако тој ѝ испратил „одвратни сексуални пораки и видеоснимки“.

Лорен Писиота во тужбата против Канје Вест тврди дека била модел на платформата за возрасни ОнлиФенс (OnlyFans) и објавувала фотографии од бикини и долна облека и дека на овој начин заработувала добри пари – околу милион долари годишно.

Канје Вест ја вработил во јули 2021 година. Лорен била ангажирана на неговата модна линија „Јези“ и тогаш се запознале. Таа вели дека соработувала со него и на три песни на неговиот албум „Donda“.

Една година подоцна, Лорен вели дека Вест дошол кај неа и побарал да го избрише нејзиниот профил на ОнлиФенс, наводно, раперот ѝ ветил дека ќе ѝ плаќа милион долари годишно ако го направи тоа. Лорен вели дека се согласила на тоа.

Таа тврди дека набргу по договорот, Канје почнал да ѝ праќа низа СМС-пораки кои таа ги објави јавно.

 

Лорен, меѓу другото, тврди дека Канје мастурбирал во текот на телефонските разговори со неа и прашувал дали може да слушне или да погоди што прави тој. Таа додава дека тој постојано ја прашувал за големината на половите на нејзините момчиња.

Според тужбата, раперот ѝ испратил бројни СМС-пораки и сексуални видеа и фотографии, вклучувајќи најмалку две видеа на кои Канје има секс со манекенка, пишува американскиот портал ТМЗ.

 

- Advertisement -
Ad image
Share This Article