Се појави старо видео на американскиот рапер Пи Диди (54), чие вистинско име е Шон Лав Комбс, во кое тој вели дека сака тогаш 15-годишниот Џастин Бибер (30) да преноќи кај него.
„Тој има 48 часа со Диди. Нема да ви откриеме што ќе правиме, но дефинитивно тоа е сон на секое 15-годишно момче“, рекол Диди, при што Џастин се насмевнал заедно со кратките коментари како „Да“ и „Тоа е лудо“.
Creepy video of P. Diddy 40 years old saying he wants to have a 48hr sleepover with Justin Bieber who is only 15 years old. People are saying P. Diddy needs to be investigated on charges for pedophila. pic.twitter.com/tf3MlldfhF
— Diana Wallace (@DianaWallace888) March 26, 2024
Музичкиот магнат во моментот е под истрага поради обвинение за трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација, па не е чудно што видеото токму сега се појави на социјалните мрежи.
„Интернетот не заборава“, „Како можеа родителите на Бибер да го остават на сам со него? Имал само 15 години“, „Не е ни чудо што Џастин е во депресија денес“, се само дел од коментарите на корисниците на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер, на која беше споделено видеото.
Во понеделникот, припадниците на домашната безбедност претресоа неколку имоти на Диди, а од еден од нив зеле кутија полна со материјали. Истрагата ја водат федерални агенти од Њујорк, каде што поранешната девојка на Диди, Кеси, во ноември поднела тужба против Комбс пред федералниот суд, обвинувајќи го за вмешаност во трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација.