Рано утринава, во 01 часот и 36 минути, телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија регистрираше земјотрес со епицентар на 47 километри југозападно од Скопје, во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Рано утринава, во 01 часот и 36 минути, телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија регистрираше земјотрес со епицентар на 47 километри југозападно од Скопје, во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар.

Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот имал Рихтерова локална магнитуда од 2.3 степени.

„Од достапните информации, потресот бил почувствуван во Гостивар и околните населени места со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Според експертите, ваквите потреси обично не предизвикуваат штети, но може да бидат забележани од жителите, особено во потивки часови“, велат сеизмолозите.

Од опсерваторијата соопштуваат дека продолжуваат со мониторинг на сеизмичката активност во регионот.

Share This Article