Директорката на болницата во Јужна Митровица соопшти дека еден ранет напаѓач на косовската полиција од вчерашниот инцидент во Бањско по укажаната лекарска помош е префрлен во Универзитетскиот клинички центар во Приштина, пренесува Косово Онлајн.
Како што додаде таа, ранетиот има прострелни рани и скршеница.
– Тој дојде овде со стабилни параметри и со стабилни параметри беше однесен во Приштина, каде очекуваме дека ништо нема да му го загрози животот. Имаме свои екипи, но имаме и засилувања од Универзитетскиот клинички центар на Косово. Лицето имало прострелни рани, влезни и излезни рани, а од другата страна имало скршеница – рече таа.