Рамос брутално извидуван во Паркот на Принцот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

ПСЖ синоќа во 30. коло од француската Лига 1 го декласираше Лориен со 5:1, но Серхио Рамос нема по добро да ја памети таа вечер.

Заедно со Меси, Хакими, Донарума и Вајналдум, Рамос е еден од играчите кои пристигнаа во клубот ова лето за да им помогнат на Нејмар, Мбапе и неговиот тим да се искачат на покривот на Европа, но доживеа болно слетување со испаѓање во Реал Мадрид во осминафинале.

Трпението го загубија и навивачите. Претходно ги исвиркаа Нејмар и Меси, кој дефинитивно потфрли откако од Барселона се пресели во Париз, а сега на ред е Рамос.

Во моментот кога Рамос влезе на теренот навивачите почнаа да свиркаат.Така беше и при секој допир на Шпанецот со топката. Очигледно навивачите се револтирани поради тоа што поранешната ѕвезда на Реал Мадрид мораше да обезбеди квалитет во одбраната, а поради повреди речиси никогаш не е во тимот.

По натпреварот тренерот Маурисио Покетино застана во одбрана на Рамос.

„Сите сме погодени. Мислам дека тоа е фрустрација на навивачите од резултатот, не мислам дека тоа беше насочено против него. Тој е голем шампион, заслужува почит како и сите играчи на Пари Сен Жермен“, изјави аргентинскиот стручњак.

Share This Article