По информациите дека непознатите хакери од албанската Влада побарале милионска сума за ги вратат во функција владините и јавните интернет-страници се огласи премиерот Еди Рама, кој наведе дека тоа се шпекулации.
– Шпекулации се вестите објавени во медиумите дека на хакерите побарале од Владата 30 милиони евра за ги вратат во функција онлајн услугите. Зад софистицираните кибернапади стојат две земји – истакна Рама, не наведувајќи за кои земји станува збор.
Тој додаде дека НАТО е вклучен во напорите за заштита на Албанија од кибернапади.
Според него битката со оваа појава уште не е завршена и Националната агенција за информатичко општество прави сѐсистемите да ги врати во функција.
Тој уште еднаш им гарантираше на граѓаните дека личните податоците им се безбедни.