Рама вели дека процесот кон ЕУ е невротичен

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Албанија е заложник на спорот меѓу нашиот сосед Северна Македонија и Бугарија, изјави денеска албанскиот премиер Еди Рама во обраќањето на Конференцијата на претседателите на парламенти на Јадранско-јонската иницијатива (ЈЈИ), што се одржува во Тирана.

Рама рече дека нема друго решение освен трпение на овој пат и изрази загриженост за многуте проблеми со процесот на евроинтеграции.

– Процесот кон ЕУ е невротичен процес. Албанија е заложник на ќорсокакот меѓу нашиот сосед, Северна Македонија и Бугарија. Тоа е една од оние ситуации што ЕУ може да ги создаде. Нема книга и искуство, ниту какво било објаснување како може да се третира. Како можеш да останеш заложник на споровите меѓу двете земји. Но, еве тоа е, како што велеше Доналд Трамп. Не смееме да го изгубиме трпението и желбата за Европа – рече Рама во своето обраќање.

Тој истакна дека Европа е во секој план на Албанија и е првиот слободен избор на неговата земја, бидејќи „досега сме биле под власта на различни империи против нашата волја“.

– Целта на Албанија е да ги промовира соработката и мирот во Европа. Во нашите планови нема друга алтернатива освен Европа имаме многу да му дадеме на регионот бидејќи проблемите можат само да создадат поделби – порача Рама.

На Конференцијата учествува и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери.

Share This Article