More

    Рама вели дека Албанија ќе биде во Унијата до 2030 година

    spot_img

    Албанскиот претседател Еди Рама денеска во Луксмебуг рече дека мора „да му се заблагодари“ на рускиот претседател Владимир Путин, кој, како што истакна, со својата безмилосна агресија „ги разбуди и најскептичните и ги натера да ја согледаат реалноста“ дека Западниот Балкан е потребен за обезбедување на силна констелација на Европската унија.

    Рама порача дека Албанија ќе биде подготвена за ЕУ ​​до 2030 година.

    – Така сега сме на иста страна, ќе го извлечеме најдоброто од тоа и ќе се движиме брзо за да се увериме дека овој голем прозорец на можности нема да се затвори без ние да станеме дел од Европската Унија – изјави албанскиот претседател коментирајќи го фактот што Албанија денеска ги отпочнува преговорите со ЕУ.

    Рама непосредно пред почетокот на втората меѓувладина конференција ЕУ-Албанија со што ќе биде отворен првиот кластер „Основни вредности“.

    Кластерот содржи сет на поглавја поврзани со фундаменталните реформи, од чие спроведување ќе зависи целокупното темпо на преговарачкиот процес и почетокот на преговорите по другите кластери. Преговорите по овој кластер се отвораат први, а се затвораат последни.

    Рама вели дека се чувствува многу возбудено и многу охрабрено „што конечно ќе го започнеме најтешкиот дел од работата во преговорите за членство во ЕУ“. Тој додаде дека од првиот ден откако Албанија го „напушти пеколот на најизолирана комунистичка земја во Европа,  „Северна Кореја во срцето на Европа“, земјата е посветена на членството во ЕУ.

    Албанскиот премиер истакна дека за членство во ЕУ не е доволно само да се подигне европскиот дух, туку треба да се работи на промена на реалноста во земјата, со цел да се обезбеди дека сè ќе функционира согласно Уставот.

    – Тоа домашна задача претставува планина што треба да се премине и веќе планинариме со многу јасни идеи и многу силна волја да го оствариме тоа што треба да се оствари – додаде Рама.

    Кластерот „Основни вредности“ вклучува три критериуми – функционирање на демократските институции, реформа на јавната администрација и економски критериуми и пет поглавја – Судство и основните права, Правдата, слобода и безбедност, Јавните набавки и Статистика и финансиска контрола.

    Албанија е прва меѓу земјите кандидати за членство во ЕУ, што ќе ги води пристапните преговори според ревидираната методологија за проширување на Унијата усвоена во 2020 година.

    Согласно оваа методологија, преговарачките поглавја се поделени во шест тематски кластери: „Основни вредности“,  „Внатрешен пазар“, „Конкурентност и инклузивен раст“, „Зелена агенда и одржливо поврзување“, „Ресурси“, „Земјоделство и кохезија“ и „Надворешни односи“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img