Скопје треба да го прифати предлогот за деблокада на евроинтеграциите, да ја искористи шансата и не смее да дозволи да остане прд вратата на ЕУ уште 17 години, смета албанскиот премиер Еди Рама.
– Ви велам, прифатете го, зашто нема да има друг предлог. Тоа е финален. Не ви треба да останете пред вратата на ЕУ уште 17 години. Вратата треба да се отвори и на тој начин ќе може да се дебатира за сите прашања преку дијалог меѓу Северна Македонија и Бугарија. Отворете ја оваа врата, отворете ја сега – порача Рама во интервју за Канал 5.
Според него, сега е време да се направи избор, а неговото претчувство, како што наведе, говори дека ќе биде голема грешка ако не се прифати предлогот, бидејќи земјата ќе биде оставена, и никој нема да има волја да се наврати на неа, и затоа предлогот не треба да се одбива.
– Видете, јас ја следев целосно тешката работа која беше направена, особено во Мадрид за да се задоволат грижите на македонската страна и можам да ви кажам дека претседателот Макрон ја стави цела своја тежина во 48 часа, дење – ноќе и благодарение на мојата добра врска со него, но и благодарение на Бујар Османи, кој беше неверојатен во неговото трпение, издржливост и тврдоглавост. Новиот предлог е финален, морате да разберете дека е финален, и јас силно верувам дека е вистинскиот момент и е апсолутно во ред да се прифати и да се отвори оваа врата – рече Рама.
Прашан дали кога тој би бил на местото на македонските власти и македонскиот народ кој се уште ја памети негативната улога на бугарската војска во Втората светска војна и сите негирања на македонскиот идентитет, би го прифатл францускиот предлог, Рама кажа дека бил многу гласен против бугарското однесување и го оценува како срамно.
– Но, во исто врме факт е дека Бугарија е членка на ЕУ, а Унијата има начин на справување со работите кој е траснформиран во смисла на киднапирање на државите во интерес на една или- друга земја членка, а на некој начи исто така е расипан и духот на проширувањето. Но, тоа е реалноста изјави албанскиот премиер.
Рама вели дека останува 100 проценти на искажаните критики кон ЕУ, но укажува дека во овој случај лидерите на Унијата не можеле да направат многи зашто таков е сегашниот механизам на одлучување.
– Тие беа заробени, заложници на Бугарија, исто како нас, но за нас тоа е поболно. Билатералните прашања не треба да стојат на европскиот пат. Ми се лоши кога билатерални прашања како историјата ќе станат политички прашања, а политиката не е таа што треба да ги решева. Колку повеќе тие прашања се водат преку политика, се повеќе се комплицираат. Но, тоа сепак е прашање што треба да го решите вие и не е на мене да кажувам што е, а што не е во ред, рече Рама.
Тој потврди дека Албанија ќе бара одвојување од Северна Македонија на патот кон ЕУ ако Скопје го одбие францускиот предлог.