More

    Рама се надева дека Северна Македонија нема да стане Јужна

    spot_img

    „Да ја спречиш Македонија, потоа Северна Македонија и се надевам нема после да стане Јужна Македонија, да го направиш ова правиш една голема штета на една нација“.

    Вака изјави албанскиот премиер Еди Рама на втората меѓувладина конференција Албанија-ЕУ во Луксембург со која Албанија ги отпочнува преговорите со Унијата.

    Рама вели дека на Македонија ѝ е направена огромна неправда и дека го сака Александар Македонски, но не претендира на неговиот етнички идентитет.

    – Да ја спречиш Македонија, потоа Северна Македонија и се надевам нема после да стане Јужна Македонија, да го направиш ова правиш една голема штета на една нација, голема штета на еден народ, голема штета на нашиот регион. Продолжувам да стојам на ставот и сакам на сите да им кажам дека оваа не е конфронтација, јас го сакам Александар Македонски, сите го сакаат Александар Македонски, но јас не сакам да знам каде е роден и не претендирам како Албанец да земам дел од неговите гени, затоа што имаме многу Албанци кои претендираат дека Наполеон бил Албанец. Да не сакате да создадеме билатерален проблем со Франција за ова, затоа што после ќе имаме и еден билатерален проблем за Корзика и ова никогаш нема да заврши. Ајнштајн бил Албанец, знаете ли? Ве молам, мора да бидеме сериозни. Секогаш доаѓа моментот за блокирање, оставете ги местата да се развиваат, оставете ги да ја работат својата работа, да научат како да ги градат институциите, оставете ги да направат сè што треба з владеење на правото и демократијата. Потоа, кога доаѓа време за да станеш членка, да кажеш не дека не ми се допаѓа твоето име. Во најмала рака овозможете на една земја да функционира како земја членка на ЕУ, а потоа кажете дека не ви се допаѓа името, во ред, но не кога земјите имаат потреба од признавање, не кога имаат потреба од помош, не кога земјите имаат потреба од поддршка. Затоа што после ќе имате ситуација во која една земја, еден народ кој без дискусија 20 години е прозападен, про евроатлански ориентиран за да денес погледнете кој е на власт во Македонија, во Северна Македонија, не сакам после да ми се јави грчкиот колега да ми каже Македонија е Северна, благодарам – изјави Рама.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img