Рама очекува земјата да стане членка на Унијата до 2030 година

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Европската Унија и Албанија денеска во Брисел ја одржаа третата Меѓувладина пристапна конференција на која официјално беа отворени преговорите од Кластерот 6, „Надворешни односи“.

Во рамките на овој Кластер се поглавјата 30 , кое се однесува на надворешните односи и поглавјето 31, за  наадворешната, безбедносната и одбранбената политика. Ова е втор кластер од преговарачкиот процес што го отвора Албанија, по кластерот 1  „Основни вредности“, со кој преговорите на земјата за членство во ЕУ почнаа на 15 октомври.

Според унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто, одржувањето на денешната Меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, која е втора за време на унгарско претседателство со Унијата, претставува уште еден конкретен чекор напред во пристапен процес на земјата.

– Овој напредок го одразува нашиот силен фокус на интеграцијата на Западниот Балкан, што е од суштинско значење за стабилноста и иднината на Европската Унија – нагласи Сијарто, чија земја е актуелен претседавач со Советот на ЕУ.

Албанскиот премиер Еди Рама оцени дека со отворањето на преговорите по втор кластер, Албанија прави нов важен чекор со што го продолжува маршот кон ЕУ.

– Мораме да продолжиме и нашата мисија е да отвораме нови кластери, се надевам на пролет, и да постигнеме следната година да ја завршиме со повеќе отворени кластери. Така што, ова е навистина многу добар ден за нашата земја и многу мотивирачки чекор за сите нас – рече Рама.

Тој им се заблагодари на земјите-членки на ЕУ  и изрази посебна благодарност за унгарското претседавање, велејќи дека тоа му дало енергија на интеграцискиот процес на земјите од Западен Балкан.

– Албанија си ја реализира домашната задача и има цел да ги затвори преговорите со ЕУ во 2027 година. Во рамки на оваа декада Албанија има за цел да се интегрира во Европската унија – нагласил Рама.

Share This Article