Премиерот на Албанија, Еди Рама, по средбата со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека на утрешниот самит на Берлинскиот процес во Тирана нема да има дискусија за настаните во Бањска, пренесува Репортерс.
Берлинскиот процес се однесува на континуирана промоција на сите земји од регионот кон четирите слободи на ЕУ – слободата на движење, стоки, капитал и услуги, а самитот не е местото за решавање на билатералните прашања, туку во програмата што се подготвува долго време во соработка со германската канцеларија, работниот ручек на лидерите ќе биде посветен на добрососедските односи во регионот, рече Рама.
Тој посочи дека е програмиран простор за отворена дискусија и посочи дека тоа не е самит на кој се обврзува да се најдат решенија за проблемите поврзани со прашањето на Бањска, бидејќи овие проблеми мора да се решаваат под покровителство на ЕУ.
Според Рама, Фон дер Лајен утре на самитот на Берлинскиот процес ќе претстави нов план, кој треба да му помогне на Западен Балкан да се интегрира во ЕУ.
Фон дер Лајен дојде во Тирана за да претстави нов план кој многу ќе им помогне на Западен Балкан и нашата земја побрзо да напредуваат кон ЕУ, рече Рама, пренесува Косово онлајн.