More

    Рама му порача на Сунак да се погрижи и „за скапаните јаболка“

    spot_img

    Не се сите Британци Џемјс Бонд, ниту сите Албанци криминалци од (видеоиграта) Тејкен, му посочил албанскиот премиер Еди Рама на својот британски колега Риши Сунак на средба на која разговарале како Обединетото Кралство да се справи со чамците од мигранти кои го преминуваат Ла Манш, пишува Индепендент.

    – Дуа Липа не е само британска пејачка, туку таа е албанска имигрантка која дојде овде, бидејќи многумина дојдоа да градат, да чуваат деца, да готват и да пеат за вас и сакаме да се погрижиме оваа заедница да се чувствува не само безбедна, туку и да се чувствува почестена овде – му рекол во четвртокот Рама на Сунак на улицата Даунинг 10, каде е седиштето на британската влада.

    – И скапаните јаболка се наша заедничка цел што треба да ја следиме и да ја добиеме оваа битка – додал тој.Претходно британската министерка за внатрешни работу, Суела Браверман рече дека Албанците не треба да бараат азил во Обединетото Кралство бидејќи доаѓаат од „безбедна земја“, изјава која Рама ја нарече „многу ниска точка во односите“ меѓу двете земји.

    Рама и Сунак се договорија да се направи проценка на капацитетот на затворите на земјата во текот на следниот месец, како дел од напорите за враќање на сите подобни албански државјани кои моментално се во британските затвори.

    Двајцата лидери, според соопштението, „разговарале за зголемена оперативна соработка, вклучително и заеднички комуникации за да ги одвратат луѓето од патување уште од почеток, како и понатамошни договори за споделувањето на податоци и пасоши“.

    „Лидерите го поздравија напредокот до денес, со околу 800 илегални мигранти кои се вратија во Албанија од декември, акцијата против организираниот криминал и новите упатства на Обединетото Кралство што ја одредуваат Албанија како безбедна земја“, се вели во заеднчката изјава на Рама и Сунак.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img