More

    Рама ги посоветува косовските колеги по синоќешните случувања на северот од Косово

    spot_img

    Албанскиот премиер Еди Рама доцна синоќа реагираше на ситуацијата на северот на Косово апелирајќи до косовските државници да ги слушаат сојузниците со цел ситуацијата да не се влоши уште повеќе.

    Според Рама, Косово се „повредува меѓународно со оваа тешка ситуација“.

    „Мојот повик е да се слушаат сојузниците и да не се навлезе подлабоко, во, не само опасниот, туку и залуден пат каде Косово е повредено на меѓународно ниво заедно со војниците на КФОР, кои се телесно повредени. Не е меѓународен повик туку национална потреба“, напиша Рама на социјалните мрежи.

    Рама подвлече дека „од оваа раскрсница каде што конфликтот се враќа и се враќа секоја година како производ на минатото, при што Србија ги изложува војниците на границата каде нејзината моќ е еднаква на нула, а Косово ја изложува својата неподготвеност да го финализира дијалогот, единствениот излез е со дијалог и моќни сојузници“.

    – Повредата на војниците на КФОР ги става во директна одговорност нивните слепи сторители и за жал го повредува Косово во очите на неговите незаменливи сојузници и пријатели! Колку подолго трае овој опасен и непотребен конфликт, толку повеќе е повредено Косово – наведува Рама.

    Претходно реагираше и албанската министерка за Европа и надворешни работи Олта Џачка оценувајќи дека „неиспровоцираните насилни напади врз силите на КФОР и медиумите се неприфатливи и мора веднаш да прекинат“.

    Таа додаде дека „дијалогот со посредство на ЕУ е патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија и заемно признавање што ќе обезбеди трајна стабилност во нашиот регион“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img