More

    Раководството на РФМ имаше средба со женската сениорска репрезентација

    spot_img
    Раководството на Ракометната федерација на Македонија денеска оствари средба со сениорките и со стручниот штаб на женскиот сениорски национален тим. Непосредно по враќањето на женската ракометна репрезентација од Баку, која во рамки на квалификацискиот циклус за пласман на ЕП, триумфирајќи над домаќините на теренот, извојува пласман на овогодинешното Европско првенство во ракомет за жени кое ќе се одржи Австрија/Унгарија/Швајцарија во периодот 28.11-15.12.2024 година.
    Претседателот Живко Мукаетов се заблагодари на ракометарките и на стручниот штаб за севкупното залагање и придонес за пласманот, напоменувајќи дека во овој квалификациски циклус се отиде чекор напред, покажаа дека вредат и местото им е учество на завршниот континентален турнир.
    Имајќи предвид дека женската ракометна репрезентација успеа да се пласира на ЕП преку квалификации по цели 12 години, УО на РФМ претходно донесе одлука за пласманот на ЕП женската национална селекција да добие награда во износ од 2 милиони денари.
    Ова е седмо континентално учество, а второ последователно на женската национална селекција на најсилното континентално натпреварување, откако во 2022 година Скопје беше домаќин на Европското првенство во ракомет за жени, а Европската куќа на ракометот објави дека на 18-ти април во Виена, во 18 часот ќе биде извлекувањето на групите.
    Последниот натпревар од квалификацискиот циклус со селекцијата на Литванија, ќе се одигра на 7 април (недела) од 18 часот во СЦ „Борис Трајковски” , а влезот во салата е слободен.
    Оттаму упатија повик за поддршка на девојките и заеднички да се прослави пласманот на ЕП 2024.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img