More

    Раководството на клубот ја одби тенденциозната понуда на бугарската фондација „Македонија“

    spot_img

    Контроверзниот претседател на Фондацијата „Македонија“ од Бугарија, Виктор Стојанов испратил понуда за купување на македонскиот фудбалски гигант ФК „Вардар“ од 300.000 евра преку бугарска компанија, но раководството на клубот веднаш ја одбило и потенцираат дека ВАРДАР НЕ Е НА ПРОДАЖБА!

    Од раководството на клубот преку соопштение на социјалната мрежа Фејсбук информираа, како што велат според нив нечесната и тенденциозна понуда за купување на ФК „Вардар“.

    „Ситуацијата е крајно алармантна. До клубот пристигна финансиска понуда од страна на Бугарската Фондација „Македонија“, која што сака да го купи нашиот Вардар, а со тоа и да го смени целиот идеолошки наратив, врз кој 76 години, континуирано се развивал клубот. Нашиот став е дека воопшто не постои простор за дискусија со луѓе кои што не го признаваат македонскиот идентитет, па затоа одговорот ќе го објавиме вака јавно, нека биде тоа одговор на македонскиот народ, кон нечесната и крајно тенденциозна понуда: ВАРДАР НЕ Е НА ПРОДАЖБА!“, соопштија од клубот.

    Оттаму додаваат дека на ваквите напади ќе продолжат да одолеваат, само доколку секој од нас ја разбере важноста на купување на членската карта. Секој!

    „Членската карта е наш одговор и најважно оружје при одбраната на ВАРДАР – народниот клуб, највредното кое го поседува Македонија на спортски план и симболот на нашиот вечен непокор! Голем е, затоа сакаат да го уништат – голем е, затоа ќе го заштитиме! Воедно, ги повикуваме сите надлежни институции, особено оние кои подадоа рака. Време е за акција, народот повикува на борба за клубот. Членската карта е обврска за сите. Подадената рака значи одговорност!“, пишува во објавата.

    Од ракводството ка клубот ги повикуваат сите кои го сакаат „Вардар“ да бидат на стадионот кога ќе грмне „Море сокол пие“, а тоа да биде нивниот одговор на сите непристојни понуди!

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img