Рускиот претседател Владимир Путин денеска положи цвеќе на спомениците на херојските градови кои претрпеа најголеми загуби во борбата против нацизмот, вклучувајќи ги Киев и Одеса
Во исто време кога Путин положуваше цвеќе, беше објавено дека во Одеса штотуку биле истрелани четири руски ракети, додека во Киев одекнувале предупредувања за ракетни напади.
– Путин ги бомбардира Киев и Одеса со десетици ракети со едната рака, а со другата положува цвеќе на спомениците – коментираат корисниците на Твитер за потегот на Путин.