More

    Ракетата „Орешник“ за 20 минути може да стаса и до Лондон и до Париз

    spot_img

    На 21 ноември, украинските власти соопштија дека Русија извршила напад врз градот Дњепар со интерконтинентална балистичка ракета (ICBM) РС-26 „Рубеж“. Ова претставува прва позната употреба на овој тип ракета во тековниот конфликт, што предизвика загриженост и прашања за нејзините технички карактеристики и импликации врз војната.

    Путин зборува за „Орешник“

    Претседателот Владимир Путин потврди дека вооружените сили на Русија извршиле комбиниран напад користејќи ја најновата ракета „Орешник“ со среден дострел, врз објект на украинската одбранбена индустрија, како одговор на американските и британските напади на руска територија.

     

    – Би сакал да го информирам персоналот на вооружените сили на Русија, граѓаните на нашата земја, нашите пријатели ширум светот, како и оние кои сè уште имаат илузии за можноста да и се нанесе стратешки пораз на Русија, за настаните што се случуваат денеска во областа СВО, односно по употребата на наша територија на западно производство на оружје со долг дострел – изјави рускиот претседател во своето обраќање пред вооружените сили на Русија и пред граѓаните.

    Западни извори новото руско оружје го идентификуваат како РС-26 „Рубеж“. За какво оружје станува збор?

    Технички карактеристики на РС-26 „Рубеж“

    РС-26 „Рубеж“ е руска солидно-горивна интерконтинентална балистичка ракета, развиена од Московскиот институт за термотехника. Ракетата е базирана на претходниот модел РС-24 „Јарс“, но со пократка должина и помал број фази. Таа е долга околу 12 метри, со дијаметар од 1,8 метри и тежина од 36 тони.

    „Јарс’, претходникот на „Рубеж“ или „Орешник“ (фотографија на Руското министерство за одбрана)

     

    РС-26 може да носи боеви глави со тежина до 800 килограми, вклучувајќи и повеќекратни независно насочени боеви глави (MIRV). Ракетата е дизајнирана за мобилно лансирање, што ја прави потешка за откривање и неутрализирање.

    Иако РС-26 е класифицирана како интерконтинентална балистичка ракета со опсег до 5.800 километри, таа може да се користи и како ракета со среден дострел при носење на потешки боеви глави.

    Ракетата може да достигне брзини од неколку километри во секунда, што значи дека патувањето од Русија до Дњепар, кој е оддалечен околу 700 километри од границата, би траело помалку од 10 минути.

    Историја на развој и тестирање

    Првото успешно тестирање на РС-26 се одржало во 2012 година, но ракетата никогаш формално не влегла во оперативна служба. Во 2018 година, руските власти објавиле дека проектот е исклучен од државната програма за вооружување до 2027 година.

    Сепак, неодамнешната употреба на оваа ракета сугерира дека Русија можеби го ревидирала својот став. или го завршила развојот на ракетата.

    Инаку, првото, неуспешно пробно лансирање се случило во Плесец во септември 2011 година. Во друг тест во мај 2012 година, Русија покажа дека РС-26 може да постигне интерконтинентален дострел, иако се претпоставуваше дека тоа ќе се постигне со мала или без носивост. Последователните тестови уверливо покажале дека ракетата не може да лета надвор од среден дострел со вистинска боева глава.

    Во услови на контроверзи околу класификациите, во 2018 година Русија официјално го „затвори“ проектот за развој на ракети РС-26, што потенцијално би го прекршил Договорот за елиминација на ракети со среден и краток дострел (INF).4

    Затворен па отворен проект

    Во март истата година, само неколку недели откако рускиот претседател Владимир Путин го спомна тоа во говорот, Русија наводно одлучила да го одложи развојот на „Рубеж“, исфрлајќи го од планот за оружје на земјата за 2018 година. Наместо тоа, Русија требало да се фокусира на користење на хиперсоничната „Авангард“, како платформа за носење нуклеарно оружје.

    Видеото од руското Министерство за одбрана, наводно, покажува прототипи на „Авангард“ и компјутерски генериран приказ на неговиот оперативен концепт.

    „Авангард“ е вклучена во финалната верзија на државниот план за оружје како поважна за обезбедување на одбранбените способности на земјата, изјавил за ТАСС извор од руската одбранбена индустрија. Сите работи на „Рубеж“ и на „Баргузин’ (проектил испукан од железничката платформа), биле ставени во мирување до крајот на 2027 година.

    До денес остана нејасно зошто Русија го напушти проектот РС-26. ,Можеби причините биле од финансиска природа. Во почетокот било планирано и „Авангард“ и „Рубеж“ да бидат вклучени во државниот план за оружје, но подоцна станало јасно дека средствата нема да бидат доволни за финансирање на двата системи истовремено.

    Воскреснати во „Орешник“?

    Како и да е, РС-26 со години ретко се споменува. Кремљ требало да го демонстрира системот пред инспекторите за контрола на оружјето од САД, прво во 2015 година, а потоа и во 2016 година, но тоа не се случило. Сепак, во извештајот од 2021 година, Пентагон ќе наведе дека и покрај извештаите во рускиот печат, работата на проектот РС-26 и тестирањето на поврзаната опрема продолжиле најмалку до 2018 година.

    Со падот на Договорот за елиминација на ракети со среден и краток дострел и со продлабочувањето на тензиите меѓу Русија и НАТО, Москва веројатно повторно го разгледала системот РС-26, можеби во форма на „Орешник“, иако нема докази дека двата проектила се оперативно распоредени.

    Импликации врз војната во Украина

    Како и да е, употребата на РС-26 „Рубеж“ во конфликтот претставува значителна ескалација. Оваа ракета е дизајнирана за носење на нуклеарни боеви глави, иако нема индикации дека во овој напад е користена нуклеарна боева глава.

    Сепак, употребата на интерконтинентална балистичка ракета против цел во Украина е без преседан и може да има сериозни последици врз регионалната безбедност.

    Меѓународната заедница изрази загриженост поради употребата на РС-26. САД и нивните сојузници го осудија нападот, истакнувајќи дека употребата на вакви ракети претставува неприфатлива ескалација. Некои експерти предупредуваат дека ова може да доведе до понатамошна милитаризација на регионот и до зголемување на тензиите меѓу Русија и Западот.

    Правни и договорни аспекти

    Употребата на РС-26 покренува прашања за почитувањето на меѓународните договори за контрола на вооружувањето. Иако ракетата е класифицирана како ICBM под договорот New START меѓу САД и Русија, нејзината способност да носи потешки боеви глави на помали растојанија може да ја стави во категоријата на ракети со среден дострел, што би можело да биде во спротивност со Договорот за елиминација на ракети со среден и краток дострел (INF).

    Вистинската загриженост на Западот во врска со новото оружје на Москва, всушност, произлегува од фактот дека тоа ги прави ранливи сите европски метрополи. Времето на пристигнување на смртоносниот проектил до Лондон и до Париз, на пример, е помалку од 20 минути. Сите други западноевропски метрополи би биле на удар во време пократко од тоа. Се чини дека Путин конечно извади „адут од ракаовот“, со кој може ефикасно да се спротивстави на одлуката на Бајден да им дозволи на Украинците да гаѓаат цели во Русија со ракети со долг дострел.

    На крајот, се поставува и дилемата – гледаме ли сега и на теренот увертира во отворен глобален конфликт меѓу Русија и Западот, кој може да се нарече и Трета светска војна?

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img