Ракета со сателит на компанијата „Спејс оне“ експлодира денеска веднаш по полетувањето од космодромот во западна Јапонија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ракета со сателит  на компанијата „Спејс оне“ експлодира денеска веднаш по полетувањето од космодромот во западна Јапонија.

Се претпоставува дека ракетата „Каирос“ експлодира 5 минути по полетувањето како последица на грешка при лансирање од вселенското пристаниште Кии во Кушимото, првата комерцијална локација за лансирање во Јапонија.

На местото на настанот се испратени локални пожарникари, а полицијата соопшти дека засега нема извештаи за жртви, но местото е покриено со бел чад, а делови од ракетата се пронајдени во областа.

Според првите извештаи, во експлозијата бил уништен владиниот сателит кој се наоѓал на ракетата.

На местото за набљудување, кое се наоѓа на приближно два километри југозападно од космодромот Кии, избувна паника меѓу собраните по експлозијата, при што некои викаа и плачеа.

Space One, основана во 2018 година, се обидува да ги комерцијализира вселенските услуги со намалување на трошоците и нудење на лансирање ракети со висока фреквенција. Целта на компанијата е да испраќа 30 ракети годишно во вселената до 2030-тите.

Јапонскиот Space One е основан од Canon Electronics Inc., IHI Aerospace Co., Shimizu Corp. и Банката за развој на Јапонија во сопственост на владата.

Плановите за лансирање на првата ракета, првично закажано за најдоцна до крајот на март 2022 година, беа одложени четири пати поради пандемијата и логистичките дефекти.

Share This Article