Рајан Рејнолдс го откри полот на четвртото дете што го доби со Блејк Лајвли

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Само неколку дена откако го откри името на четвртото дете што го има со Блејк Лајвли на премиерата на „Deadpool & Wolverine“, кандаско – американскиот актер Рајан Рејнолдс сега конечно потврди дека нивното најмало дете е момче и се вика Олин.

Канадскиот актер, кој со сопругата има уште три  деца, девојчиња – деветгодишната Џејмс, седумгодишната Инез и четиригодишната Бети, ја откри веста во текот на емотивниот разговор со Џон Бел, човекот чиј покоен син Џејк го обожаваше Дедпул.

По смртта на Џејк во јули 2020 година, Џон имаше големи проблеми со менталното здравје и депресијата, поради што реши да ја основа непрофитната организација „Вокинг фор хоуп“ (Walking 4 Hope“, која ги поддржува семејствата и младите кои се борат со притисоци од секојдневниот живот, пренесува „Ењуз“. Во текот на разговорот со него Рејнолдс решил да открие дека и самиот е татко на син.

„Сакам да споделам со вас дека и јас имам син и ако сакам да го сакам дури 10 отсто од тоа како го сакаше твојот Џејк, знам дека сум направил многу добра работа“, рече 47-годишниот актер.

Блејк и Рајан се венчаа во 2012 година и отсекогаш биле многу приватни кога станува збор за нивниот семеен живот, па не е изненадување што тие држат какви било информации за нивните деца во тајност. Актерката која се прослави со улогата во серијата „Озборувачки“, долго ја криеше последната бременост, а подоцна се породи во тајност.

„Таа не зборуваше многу за бременоста. Дури и нејзините пријатели беа изненадени“, изјавил извор близок на парот веднаш откако Блејк го родила четвртото дете.

Share This Article