Рајан Ченинг, поранешното момче на пензионираниот олимписки пливач Иан Торп, ненадејно почина на Бали на 32-годишна возраст.
Моделот и сопственик на брендот за нега на кожа „Blaq“ бил итно пренесен во болница во неделата, но лекарите не успеале да го спасат, пишува „Дејли телеграф“.
Џејк Ченинг ја потврди тажната вест за смртта на неговиот постар брат на социјалните мрежи и рече не е поврзана со ковид-19.
„Торп беше тажен кога ја слушна веста за трагичната смрт на Ченинг“, изјавил за „Пост“ портпаролот на познатиот пливач Џејмс Ерскин.
И Рајан и неговиот брат живееле кратко на Бали. Во објава на Инстаграм пред осум недели, Ченинг сподели видео од болницата и откри дека е позитивен за ковид-19.
Причината за неговата смрт засега е непозната.
Ченинг и Торп биле во врска три години, дури и размислувале за дете преку сурогат мајка.
Ченинг бил првата јавна истополова романса на Торп откако тој признал по години шпекулации во интервју со Мајкл Паркинсон дека е геј.
Двојката се разделила затоа што и двајцата станале многу зафатени „така што работите не биле исти како порано“, објаснил Ченинг тогаш.
ФОТО: Инстаграм