More

    Радев и Вархеји очекуваат 100% спроведен француски предлог по изборите

    spot_img

    Бугарскиот претседател Румен Радев смета дека ситуацијата по изборите во Македонија ќе биде таква што ќе овозможи „целосно спроведување на европското решение од јули 2022 година“. Тој изјавил дека ги осудува изјавите во Македонија со кои се предлага можна промена на Преговарачката рамка и францускиот предлог за уставни измени.

    – Изјавите на водечките политички личности во РСМ, дадени за време на кампањата која е провокативен карактер, не помагаат да се зајакне дијалогот меѓу нашите две земји – рекол шефот на бугарската држава во разговор со комесарот за проширување и добрососедство на ЕУ Оливер Вархеји кој е во посета на нашиот источен сосед.

    Радев и Вархеји разговарале за ситуацијата во Македонија, но и за можното проширување на ЕУ со Украина, Молдавија и со Грузија.

    Бугарските медиуми побараа изјава од Вархеји да ги коментира изјавите на некои македонски политички партии во врска со можната промена во францускиот предлог. Од БГНЕС го прашале Вархеји дали е можно какво било поместување на рамката.

    Вархеји не очекува промена на Преговарачката рамка и вели дека условите за Македонија за отворање на преговорите со ЕУ се јасни.

    – Критериумите се многу јасни од 2022 година кога беше усвоена Рамката за преговори. Тие мора да се исполнат и во оваа смисла не очекувам некаква промена. Не мислам дека земјите-членки ќе сакаат да ревидираат некој од условите. Јасно е дека тие мора да се исполнат. Се надевам дека веднаш по изборите новата влада во Северна Македонија ќе ја преземе оваа работа и ќе продолжиме со исполнување на критериумите – изјавил Вархеји.

    Бугарските медиуми ги коментираат и најавите на ВМРО-ДПМНЕ дека доколку дојде на власт, ќе прифати внесување на Бугарите во македонскиот устав, но со одложена примена – по влезот на Македонија во ЕУ.

    Бугарскиот портал „Фактор“ коментира дека Бугарија не реагирала на ваквите најави во македонското предизборие.

    „Зошто МНР молчи за предизборните манипулации на ВМРО-ДПМНЕ?“, гласи насловот на статијата на бугарски „Фактор“.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img