More

    Радев го искоментира одвојувањето на Албанија во преговорите со ЕУ

    spot_img

    Претседателот на Бугарија, Румен Радев, за бугарската ТВ Нова, од Њујорк изјави дека неговата земја не треба да се спушта на нивото на коментарите од Северна Македонија. Тој го коментираше одвојувањето на Албанија од Македонија со тоа што доби почеток на преговорите, како „логични последици од политиката на владата на Северна Македонија“.

    – Во никој случај не треба да се спуштаме на нивото на коментарите од нашиот сосед. Ги повикувам сите бугарски политичари на воздржаност. На крајот на краиштата ние долго сме дел од Европската унија и мора да покажеме поконтролирано однесување – рече Радев.

    Во врска со одлуката ЕУ да ги започна пристапните преговори со Албанија, но без Северна Македонија, Радев со став:

    – Ова се логични последици од политиката на Владата на Република Северна Македонија и патот кој го одбраа. Уште од доаѓањето на оваа власт предупредував дека ќе има проблеми околу познавање на меѓународното право и кон евроинтеграциите. Но, јас изјавив дека сме подготвени да помогнеме. Бугарија ќе продолжи да помага, но имаме свест што значи Европската унија и како да се работи за да се постигна националната цел што Северна Македонија ја постави. Владата досега работеше во спротивна насока. Вистинската насока е да се вклучат Бугарите во уставот, затоа што тоа е во преговарачката рамка на ЕУ и мора да се почитува – кажа Радев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img