More

    Радев е отворен за дијалог и е задоволен од средбата со Давкова

    spot_img

    Бугарија очекува искажаната желба за дијалог и за разбирање од страна на претседателката Гордана Сиљановска да стане конзистентна политика на Владата на Република Северна Македонија. Ова, како што соопшти кабинетот на бугарскиот претседател, Румен Радев, е ставот што тој ѝ го пренел на претседателката Сиљановска Давкова на денешната средба во Софија.

    На средбата, претседателот Радев истакна дека дијалогот на највисоко ниво меѓу двете земји треба да биде активен и да ја стимулира работата на владите и на бизнисите, како и билатералната размена во областа на образованието, науката и културата.

    – Бугарија отсекогаш била отворена за дијалог со РСМ и очекува таа не само да помогне во билатералното културно зближување и во економската соработка, туку и преку неа да се постигне решение за отворените прашања во нашите односи. За нив мора да се одлучува врз основа на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, протоколите потпишани кон него и врз основа на Заклучоците на Европскиот совет од летото 2022 година, усвоени едногласно од сите земји-членки на ЕУ и со согласност на РСМ – нагласи Румен Радев.

    Шефот на државата додаде дека ова е начин да се отвори преговарачкиот процес за целосна европска интеграција на нашиот сосед во интерес на младите во земјата, а тоа ќе биде позитивен знак за целиот регион.

    „Претседателот Радев повика и на многу поактивни заеднички напори од страна на Бугарија и на РСМ за изградба на транспортниот коридор 8 кој е од клучно значење за поврзаноста и за безбедноста во Југоисточна Европа и ќе создаде квалитативно нови услови за бизнис, туризам и поттикнување на инвестиции во регионален план“, соопшти кабинетот на бугарскиот претседател Румен Радев издадено по средбата со македонската претседателка Гордан Сиљановска Давкова.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img