Работник од Комунална хигиена загина во несреќа во Центар

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Вработен во Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ вчера починал при извршување на работата, кога го потиснал контејнер, а потоа го повлекла хидрауликата и го пригмечила. Колегите на починатиот 43-годишник не успелае да му помогнат.

Од „Комунална хигиена“ ја потврдија несреќата.

Скопското јавно обвинителство отвори предмет за несреќата.

МВР во својот билтен на настани соопшти дека вчера (петок) во 09.14 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на булевал 11 Октомври, при извршување работни задачи, А. С. (43) од Скопје вработен во ЈП „Комунална хигиена“ добил повреди и починал на местото.

„На 14.04.2023 во 09.14 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„11 Октомври“, при извршување работни задачи, А.С.(43) од Скопје – вработен во ЈП „Комунална хигиена“ се здобил со повреди и починал на местото. Смрт констатил лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје. За настанот бил известен трудов инспектор и по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, стои во соопштението на МВР.

Share This Article