More

    Путин збесна во разговор со министерот за економија

    spot_img

    Видно налутен беше рускиот претседател Владимир Путин кога дозна дека во моментов чекаат да бидат склучени договорите за набавка на нови воени авони за земјата, а тој својот бес го истури врз министерот за економија и трговија Денис Мантуров, пишува БизнисИнсајдер.

    – Нема договори (за авионите). Што ќе ми кажеш? Знам дека не се склучени договори со овие компании бидејќи така ми рекоа нивните директори. Зошто се шегуваш? – му вели Путин на својот поранешен миленик кој на негодување на Путин бил на одмор во Турција, земја членка на НАТО.

    Мантуров се обидува да му објасни на Путин дека мора да се внимава со тестирањето, сертификацијата и процедурите за увоз, но Путин не сака да ги слушне овие работи.
    – Зошто се однесувате глупо? Кога ќе има договор (за авионите)? – рече Путин и ги крена веѓите.

    Мантуров му вели на лидерот на Кремљ дека ќе направи сè за во блиска иднина да склучи договори за купување авиони.

    – Што сакаш да кажеш со тоа „поблиска иднина“? – го прашува Путин, нервозно мешајќи ги листовите во своите раце.

    – Сето ова мора да се реши во рок од еден месец, ве молам, во рок од еден месец… Дали ги разбирате условите во кои живееме денес! – рече Путин.

    Мантуров ја наведна главата по укорот од Путин.

    Руските воздухопловни сили во моментов се соочуваат со недостиг на борбени авиони, а ниту руските авиокомпании не се во подобра состојба, бидејќи не можат да добијат патнички авиони поради санкциите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img