Путин засега не го запира дотокот до Европа

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Природниот гас продолжува да тече нормално од Русија во Европа, со оглед на тоа дека обемот на гас што се испумпува преку гасоводот Северен тек 1 само малку  флуктуира во последните денови, јави ДПА.

Според прегледот објавен денеска од швајцарската оперативна компанија Nord Stream AG, од почетокот на годината секој ден во германската дистрибутивна мрежа се влеваат меѓу 1,63 милијарди и 1,76 милијарди киловат часови природен гас.

Руската државна компанија Газпром е одговорен добавувач и поседува 51 отсто од акциите на Норд стрим АГ. Вклучени се и енергетските компании Wintershall Dea, Eon, Gasunie и Engie.

Загриженоста за испораките на гас во Европа е голема по санкциите воведени кон Москва по рускиот напад врз Украина.

Share This Article