Путин свика итен состанок со одговорните претставници откако зголемувањето на референтната каматна стапка на 12 отсто не го спречи слабеењето на рубљата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Russia's President Vladimir Putin speaks during a meeting of the Russian interior ministry board in Moscow, Russia, March 20, 2023. Sputnik/Alexei Nikolskyi/Kremlin via REUTERS ATTENTION EDITORS - THIS IMAGE WAS PROVIDED BY A THIRD PARTY.

Рускиот претседател Владимир Путин за денеска свика итен состанок со одговорните претставници откако зголемувањето на референтната каматна стапка на 12 отсто не го спречи слабеењето на рубљата. Таа информација ја објави Фајненшал тајмс повикувајќи се на два извора запознати со ситуацијата.

Според извори на ФТ, руското Министерство за финансии предложило руските извозници да се обврзат да продадат до 80 отсто од нивната девизна заработка во рок од 90 дена од испораката. На компаниите што нема да ги почитуваат тие услови ќе им бидат одбиени државните субвенции, пишува британскиот весник. Предложена е и забрана за исплата на дивиденди и издавање заеми на лица лоцирани надвор од Русија, укинување на увозните субвенции и намалување на износот на девизи што извозниците можат да ги изнесат од Русија.

Share This Article